Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РИК: До 12 часот гласале 21,33 % гласачи, без поголеми неправилности, Цесид со 70 забележани неправилности

/

пред 1046 дена

Сподели преку :

Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 12 часот е 21,33 отсто на ниво на цела Србија, дека гласањето се одвива непречено со помали инциденти, јави дописникот на МИА од Белград.

-На републичко ниво до 12 часот гласале 21,33 отсто од запишаните гласачи. Колку за споредба на изборите во 2020 година во исто време излезеноста била помала и изнесувала 20,55 отсто гласачи, изјави Владимир Димитријевиќ, претедател на РИК на прес конференција.

Според РИК, излезеноста во Белград до 12 часот изнесува 20,77 отсто, во Шумадија и Западна Србија 19,58, Јужна и источна Србија 22,21 отсто и во регионот Војводина каде излезеноста изнесува 22,88 отсто.

Претседателот на РИК го потврди инцидентот со уништувањето на автомобилот на невладината посматрачка организација Срце, како и дека лицето кое делело пари на гласачко место во Врање е приведено од полицијата.

Исто така ја потврди веста дека во Бор едно гласачко место без најава е преселено на друга локација.

На новинарско прашање за масовно гласање во Арена Соко Штарк во Белград со автобуси полни со гласачи од Р.Српска, од РИК сопштија само дека ќе ја проверат таа информација, упатувајќи апел до граѓаните да не шират паника и страв преку неаргументирани материјали на социјалните мрежи.

Од невладинаат организација Цесид, соопштија дека досега забележале до 70 неправилности на бирачките места, како фотогарфирање на изборните ливчиња, уфрлање на листите во погешни кутии, фамилијарно и организирано носење на гласање, како и на привремено прекинување на гласањето во бирачки места во Гроцка, Нов Белград, Земун, Нови Сад поради влиење врз гласачите и помали инциденти.