Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крафт повторно на највисокото место на подиумот

/

пред 1022 дена

Сподели преку :

Штефан Крафт дојде до петтиот сезонски триумф во Светскиот куп во ски скокови откако денеска беше најдобар во Енгелберг, Швајцарија.

Крафт во првата серија имаше скок од 135 метри, доволно за 5.место, но во втората серија прескокна 142 метри, па со 327,9 поени дојде до победата. Втор беше сонародникот на Крафт од Австрија, Јан Херл со четири бодови помалку, додека на подиумот се искачи и Германецот Пиус Пашке, кој вчера победи на оваа скокалница.

Австриецот останува лидер во генералниот пласман со 669 бодови, пред Андреас Велингер со 447, додека Пашке има 443 бодови.

Во Светскиот куп има мала пауза, а на 29 декември почнува Новогодишната турнеја „Четири Скокалници“ со натпреварувањето во Оберсдорф.