Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дванаесет репрезентации во трката за шест места на Олимписките игри

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

По завршувањето на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција познати се шест репрезентации кои веќе може да се подготвуваат за настап на Летните Олимписки игри што ќе се одржат во Париз.

Покрај домаќинот Франција, настап на најголемото натпреварување обезбедија уште Норвешка, Бразил, Ангола и Јужна Кореа додека благодарение на Триколорите учество на Олимписките игри обезбеди и репрезентацијата на Данска.

За останатите шест места во трката останаа уште 12 репрезентации кои ќе бидат дел од трите квалификациски турнири што ќе се одржат во текот на април следната година.

Во првата група се Шведска, Унгарија, Камерун и Јапонија.

Холандија, Чешка, Аргентина и Шпанија се дел од втората, а во третата се сместени Германија, Црна Гора, Словенија и Парагвај.

Место на Игрите во француската престолнина има за двете најдобри селекции од секоја група.