Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бетис прва пречка на Динамо во Конференциската лига

/

пред 1022 дена

Сподели преку :

Познати се двојките за првата елиминациска рунда во Конференциската Лига.

Загрепски Динамо за кој настапуваат нашите интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски на стартот од следната фаза во третото по ранг клупско натпреварување во Европа ќе се соочат со Бетис, кој е и домаќин на првиот дуел.

Олимпијакос за противник го доби Ференцварош, Сервет ќе се соочи со Лудогорец, Унион Сен Жилоа се среќава со Ајнтрахт Франкфурт додека Ајакс ќе игра со Бодо/Глимт.

Во последните двојки од баражот за влез во осминафиналето Молде ќе се соочи со Легија Варшава, а Макаби Хаифа игра против Гент.

Директен пласман меѓу шеснаесетте најдобри како освојувачи на првите позиции во фазата по групи обезбедија Астон Вила, Бриж, Фенербахче, Фиорентина, Лил, Макаби Тел Авив, ПАОК и Викторија Плзен.

Првите мечеви од разигрувањето за влез во осминафиналето од Конференциската лига се играат на 15 февруари следната година, а реваншите се на програмата седум дена подоцна.