Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз, Синер и Медведев без мечеви пред Австралија опен

/

пред 1020 дена

Сподели преку :

Тројца од петте водечки тенисери на светот решија да земат подолг одмор пред почетокот на новата сезона и најавија дека нема имаат посериозен предизвик пред стартот на првиот Гренд слем во сезоната.

Карлос Алкараз, Данил Медведев и Јаник Синер нема партиципираат на ниту еден од деветте турнири што се закажани на почетокот од следната година.

Тројцата тенисери сметаат дека за нив е подобро да се фокусираат на тренинзите, а не да играат мечеви на високо ниво и дека на тој начин ќе бидат подобро подготвени за настапот во Мелбурн.

Пред почетокот на Отвореното тениско првенство на Австралија се играат Јунајтед купот во Перт и Сиднеј, а во исто време на програмата е натпреварувањето во Бризбејн.

На почетокот од годината се и турнирите во Бризбејн, Оукленд, Аделаида и Хонг Конг, а се предвидуваат и неколку егзибициски натпреварувања се до почетокот на Гренд слемот кој е на програмата од 15 до 29 следниот месец.

ФОТО: Игор Паневски