Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пренасочувањето на бродовите од Црното море поради нападите на Хути бунтовниците ќе предизвикаат зголемување на глобалните цени

/

пред 1044 дена

Сподели преку :

Одлуката на најголем дел од поморските тренспортни компании да ги пренасочат своите бродови од Црвеното море, поради нападите на Хути бунтовниците од Јемен, се заканува да ја зголеми цената на нафтата, како и на многу останати производи кои се увезуваат во Европа од Азија.

Најголемиот светски транспортер „Маерск“ денеска соопшти дека сите свои бродови ги пренасочува од Црвеното море преку ‘ртот Добра Надеж, најјужната точка на Африка. Пренасочувањето на целиот поморски сообраќај од Црвеното море за транспортерите значи пловидба од дополнителни 3.500 наутички милји, или 10 денови повеќе отколку преку рутата низ Црвеното море.

Поради нападите на Хути бунтовниците САД формираа меѓународна поморска операција за заштита на морскиот сообраќај во Црвеното море. Покрај САД, во операцијата учество земаа Обединетото Кралство, Канада, Франција, Бахреин, Норвешка и Шпанија.

Неодамнешната ексалација на неодговорните напади на бунтовниците Хути од Јемен, се закана за слободниот проток на стока, животите на невините морнари и се спротивни на меѓународното право, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Црвеното море е една од најважните поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас, но и останати производи за широка потрошувачка.

На светските берзи засега не се забележуваат значителни промени. Цената на суровата нафта вчера се зголеми за само 1 процент, а денеска таа се тргува за 78 долари за барел. Но, експертите предупредуваат дека пренасочувањето на трнаспортот околу африканскиот континент нема да предизвика само зголемување на цената на нафтата, туку и на сите останати производи.

Тоа е многу прецизно балансиран пазар и може да има сериозно влијание врз глобалниот синџир на снабдување. Околу 12 проценти од светската трговија поминува преку Црвеното море, тоа се производи со вредност од околу 1 трилион долари на годишно ниво. Видовме дека повеќето од главните транспортери, тоа се тие кои превезуваат готови производи, телевизори, електроника, тие речиси сите се пренасочија, изјави Ричард Мид, главен уредник на „Лојдс лист“ .

Генералниот директор на Институтот за извоз и меѓународна трговија, Марко Форџиона, смета дека пренасочувањето ќе ги зголеми трошоците за транспорт и осигурување на товарот.

Потоа имате проблем затоа што бродовите се на погрешно место, контејнерите се на погрешно место а тоа создава потенцијал од метеж на пристаништата и дополнителни задржувања, предупреди Форџиона.

Според S&P Global Market Intelligence, речиси 15 проценти од увозот во Европа, Средниот исток и Северна Африка од Азија поминува низ Црвеното море, а овде спаѓа и 21,5 проценти од увозот на рафинирани горива и повеќе од 13 проценти на сурова нафта.

Можноста од зголемување на цените ги зголеми стравовите од нов раст на инфлацијата на глобално ниво.

Хути бунтовниците од Јемен изразија солидарност и поддршка за Хамас, веднаш по нападот на 7 октомври врз Израел, во кој беа убиени 1.200 лица. Тие уште тогаш најавија дека ќе ги напаѓаат сите бродови во Црвеното море кои имаат поврзаност со Израел.