Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе остане ли ДИК без опозиција?

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Ако местото во ДИК не го добие албанската опозиција, и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече своите членови од ова изборно тело. Партискиот лидер обвинува за местенки од самиот почеток на изборниот процес, особено откако во игра за член на Државната изборна комисија (ДИК) остана и поранешниот пратеник од ДУИ, Зулфи Адили, кој неофицијално е  поддржан од Алијанса за Албанците.

За ова прашање, од БЕСА очекуваа реакција и од претседателот на државата и разочарани се што таа изостана.

Што се однесува на техничката влада, ВМРО ДПМНЕ најверојатно ќе номинираат свои членови, но во знак на протест против Талат Џафери, размислуваат да се воздржат при нејзиното изгласување.  Номинирањето на Џафери за технички премиер, за нив е неуставно и спротивно на Законот за Влада. Овој став за премиерот е нелогичен, но очекуван.

Ковачевски не сакаше да ја коментира синоќешната средба на Таравари и Ахмети, на која се разговарало за предизборно коалицирање.Повтори дека се анализираат сите можности, а сличен беше и одговорот на Ахмети, кој ги остави сите опции отворени. Ништо појасно не е ни по изјавата на претседателот на Алијанса, кој рече дека за нив е многу тешко да излезат на избори со ДУИ, но повторно ќе ја разгледаат таа можност.

Далиборка Демјанска Цветановска