Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите денеска на прозивка, утре на подготовки во Стара Пазова

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација денеска од 17 часот го има првиот собир пред почетокот на подготовките за Европското првенство во Германија, што ќе се одржи во јануари. Нашиот тим е во исклучително силна група на турнирот, каде ќе се соочиме со Франција, потоа домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Селекторот Кирил Лазаров за стартот на подготовките повика 19 ракометари и стави осум резерви во случај да има некоја повреда. На првата прозивка ќе недостигаат двајцата наши интернационалци, кои играат во Португалија, Никола Митревски и Филип Талески, кои подоцна ќе се приклучат кон националниот тим. Репрезентацијата ќе биде во Скопје само еден ден, па ќе продолжи со тренинзи во Стара Пазова, каде на 29 декември ќе одигра контролен меч со Црна Гора.

Во финалниот дел од подготовките нашите ракометари ќе одиграат две контроли со Грција пред заминувањето за Германија.

На Европското првенство во првото коло се соочуваме со Франција во Дизелдорф на 10 јануари, а натпреварот ќе се одигра на фудбалски стадион. Четири дена подоцна играме во Берлин, каде во второто коло наш ривал е домаќинот Германија, а на 16-ти јануари ќе ги одмериме силите со Швајцарија.

Пласман во втората фаза од Европското првенство ќе обезедат првите две селекции во групата.