Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум дена примирје во замена за 40 заложници – Израел со понуда за Хамас

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Седум дена примирје во замена за 40 заложници. Ова е понудата од Израел за Хамас. Предлогот се однесува на ослободување на жени, деца и возразни лица на кои им е потребна итна медицинска помош. Покрај еднонеделното затишје, израелски претставници нудат и ослободување на десетина палестински затвореници од затворите во рамки на евентуален хуманитарен договор. Понудата доаѓа по меѓународниот притисок врз израелските власти, но и на семејствата на луѓето кои сè уште се наоѓаат во заложништво на палестинската милитантна група во Појасот Газа.

„Бевме на средба со премиерот и разговаравме за заложниците. Премиерот ни даде надеж. Тоа беше многу интимен состанок, со мал број семејства. Средбата беше продуктивна. Тој (Нетанјаху) е оној кој е одговорен и оној кој има способност да ги врати нашите најблиски живи дома, а очекувањата се дека тој и воениот кабинет ќе продолжи да прави, колку што е можно повеќе. Вратете ги нашите најблиски живи, што е можно поскоро“, изјави Руби Чен, татко на израелски заложник.

Шефот на Хамас, Исмаил Ханија претпладнево пристигна во Каиро, потврди палестинската милитантна организација. Во тек се интензивни разговори по израелската понуда, со посредство на Египет и Катар. И двете страни веќе испратија сигнали за можно ново затишје. Израелскиот претседател Исак Херцог потврди дека неговата земја има волја за договор за кој, сепак, рече дека сè уште не е постигнат.

Понудата за прекин на борбите е прва од Израел од нападот на Хамас на 7 октомври и одговорот што следуваше од воздух и копно на израелските сили. Двете страни во ноември се согласија на хуманитарен договор кој резултираше со седумдневен прекин на огнот, ослободување на повеќе од 105 заложници и околу 240 палестински затвореници, но и достава на храна, вода и гориво во Појасот Газа.

Сашко Димовски