Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не ги тргнале „лагите“ за војната во Украина – Русија го казни Гугл со 50,8 милиони долари

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Рускиот суд го казни Гугл со 4,6 милијарди рубљи (50,84 милиони долари), бидејќи компанијата не ги отстранила „лажните“ информации за војната со Украина, јави агенцијата ТАСС. Русија, речиси, во континуитет е во конфликт со странските технолошки компании поради цензура која се засили по руската инвазија на Украина во февруари во 2022 година.

За Русија, инвазијата е „специјална воена операција“. Казната што ја изрече судот во Москва е во висина на годишната промет на компанијата во Русија. Кон крајот на 2021 година, Русија изрече казна од 7,2 милијарди рубљи, а во август во 2022 година таа изнесуваше во 21,1 милијарда рубљи.

Гугл, кој е во сопственост на Алфабет, засега е без коментар. Јутјуб, исто така во сопственост на Алфабет, е особено на мета на Русија, меѓутоа за разлика од Твитер, Фејсбук и Инстаграм кои се дел од компанијата Мета, никогаш не бил блокиран.