Германија пред Божик ќе биде погодена од ураганот Золтан. Најавени се оркански удари на ветар и обилни дождови.
„Ураганот Золтан се приближува на Германија. Постои опасност од кршење на гранки и дрвја“, предупреди германската метеоролошка служба.
„Првиот удар се очекува во ноќта меѓу четврток и петок на целиот брег на Северното Море. Во петок наутро, ветрот повторно ќе добие на јачина“, пренесува германскиот портал Фокус.де.
Ураганот е најавено оти би можел да ослабе во сабота, а на Божик би можело да се создаде ново невреме, јавува Феникс магазинот.
Поради најавеното големо невреме, постои можност од прекин на железничкот и воздушниот сообраќај. Германските метеоролози го советуваат населението да ја следат прогнозата пред поаѓање на пат.











