Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војдан Стојановски го водеше МЗТ до триумф против Подгорица

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

МЗТ Скопје ја совлада Подгорица со 78-74 во последниот натпревар од 6.коло во АБА2-лигата на турнирот што се одржува во Широки Бријег. За македонскиот првак ова беше трета победа по ред во регионалното натпреварување.

МЗТ Скопје клучната предност на натпреварот ја направи во вториот период што го доби со 21-8, па на полувремето имаше двоцифрена предност од 39-29. Во третата четвртина, аеродромци дојдоа и до највисоките +14, но противникот од Црна Гора го направи финишот крајно интересен. Во последниот период Подгорица израмни на 68-68, но МЗТ успеа да се одлепи. Сепак нашиот шампион трепереше за победата до самиот крај, кога успеа да го заклучи натпреварот за конечни 78-74.

Војдан Стојановски одигра феноменален натпревар со 24 поени и шест асистенции, Душан Танасковиќ имаше 20 поени и 12 скока, додека Седрик Расел заврши со 16 поени. Кај Подгорица најмногу се истакна Брендон Слај со 28 поени.

МЗТ сега има скор од 4 победи и 2 порази, а во седмото коло во петок ќе се соочи со Суботица.