Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс редат порази, Детроит се доближува до најлошата серија во историјата на НБА (ВИДЕО)

/

пред 1017 дена

Сподели преку :

Лос Анџелес лејкерс откако го освоија НБА-купот, никако да се стабилизираат во лигата и сега имаат скор од 1-5 по триумфот во Лас Вегас. Утринава Лејкерс без Леброн Џејмс во составот загубија во Минесота со 118-111 за четврти пораз во низа.

Карл Ентони Таунс имаше 21 поен за Тимбервулфс, кои сега го делат најдобариот ефект во НБА заедно со Бостон со скор од 21-6. Кај гостите од Лос Анџелес најефикасен беше Ентони Дејвис со 31 поен.

Детроит загуби од Јута со 111-119 и го запиша 25-тиот пораз во низа сезонава. Пистонс сега се на само еден пораз до негативниот рекорд во НБА од 26 загубени натпревари по ред, што го држат Кливленд и Филаделфија.

Во дербито на Западната конференција, Оклахома ја прекина победничката низа на Лос Анџелес клиперс од девет натпревари по ред со победата од 134-115. Јанис Адетокумпо со 37 поени го водеше Милвоки до победа од 118-114 против Орландо.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Кливленд – Њу Орлеанс 104-123
Чикаго – Сан Антонио 114-95
Мемфис – Индијана 116-103
Портланд – Вашингтон 117-118