Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и релативно топло со магла наутро – Временска прогноза за 24.12.2023

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Наутро со услови за слаба магла во котлините, а преку ден променливо облачно и релативно топло.  Ќе дува умерен, во западните делови и вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла и променлива облачност која ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 5°C, а максималната од 7 до 15°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, Битола, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид, Дојран, 1 Претор, Дебар.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

38 Маврови Анови, 20 Крушево, 12 Попова Шапка, 1 Ѓуриште.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Виница, Тетово, 10 Крива Паланка, Маврови Анови, 9 Битола, Куманово, Попова Шапка, 8 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 7 Скопје-Петровец, Штип, Крушево, 6 Демир Капија, Дебар, 5 Струмица, Кавадарци, 4 Велес, Охрид, Претор, Ѓуриште, Пожар, 3 Прилеп, 1 Дојран, Гевгелија.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.5, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 7.4

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/