Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе поскапи ли струјата од јануари- новата цена ќе се знае на почетокот од идната недела

/

пред 1024 дена

Сподели преку :

Новата ценат на струјата треба да се соопшти на почетокот од идната недела. Вчера во Регулаторната комисија се одржа подготвителна седница на која според информациите, енергетските компании излегле со забелешки во однос на предлог одлуките на регулаторите.

Според одлуките на комисијата ценат на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на МЕПСО за 13, 37 проценти и на МЕМО за речиси  36 отсто, но ова енергетско тело има незначително учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна пак според информациите во сметките за струја ќе има поевтинување на мрежарината, за која изминатиот период доста граѓани реагираа дека во фактурите плаќаат повеќе за тоа отколку за потрошената енергија.

Но паралелно се издвојува нова ставка за пристап до мрежа која ќе ја плаќаат оние со празни викендички, куќи станови. ЕСМ пак од јануари на ЕВН ХОУМ ќе и ја продава својата струја за 57 евра за мегават час 7, 5 отсто поскапо од претходно. Ова се  речиси главните параметри кои влијаат на крајната цена на електричната енергија. Но, дали ќе има некое поевтинување, зголемување или пак ќе остане иста ќе се знае за неколку дена. Новата цена ќе важи од јануари.