Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите со блокади во Белград, бараат отварање на избирачкиот список

/

пред 1029 дена

Сподели преку :

Во 11 часот студентите во Белград го блокираа Министерството за државна администрација и локална самоуправа. Ним им се придружија и студенти од Нови Сад, јавија белградските медиуми.

Како што најавија претходно студентите, доколку не добијат потврден одговор од Министерството за државна управа и локална самоуправа на нивното барање за отворање и ревидирање на избирачкиот список, продолжија со блокада на уште две места во Белград.

Студентите од почетокот на минатата недела секоја вечер од 18 часот учествуваа на протести пред зградата на Републичката изборна комисија. Тие ја поддржаа коалицијата „Србија против насилството“, која повика на тие протести за да се исполни нивното барање за поништување на изборите поради нерегуларности.

Студентите бараат и поконкретни чекори од опозицијата, кои самите ги најавија на еден од протестите.

Претходно, група од 345 наставници и соработници на Универзитетот во Белград испратија поддршка за студентските протести.

Кој краде избори, ја краде иднината. Фалсификување избирачки списоци, пријавување нелегални живеалишта и изборен инженеринг се скандалозен обид на властите уште еднаш да ни ја одземат државата, но овој пат многу повеќе – нашиот здрав разум и последните остатоци од самопочитување, се наведува во соопштението упатено до медиумите.