Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија конечно се комплетираше: Митревски почна со тренинзи во Стара Пазова

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација ги продолжува подготовките во Стара Пазова во Србија во пресрет на Европското првенство во Германија во јануари. Тимот од денеска е комплетен со приклучувањето на капитенот Никола Митревски.

Селекторот Кирил Лазаров конечно на располагање ги има сите играчи кои ги повика за подготовките пред континенталниот турнир. Митревски поради клупски обврски со Порто најдоцна се приклучи кон тимот, кој сега е комплетен. На овие тренинзи стручниот штаб става акцент повеќе на физичката подготвеност на играчите со цел да бидат на најдобро можно ниво за стартот на ЕП на 10 јануари. Се наближува и првиот тест на Македонија, а тоа е Црна Гора со која ракометарите ќе одиграат контролен меч од три пати по 30 минути. Во јануари пред заминувањето за Дизелдорф нашите ракометари уште два пати ќе ја тестираат својата форма со Грција во Скопје.