Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пет луѓе загинаа, меѓу нив и дете – голем пожар во пансион во Романија

/

пред 1036 дена

Сподели преку :

Пет луѓе меѓу кои и дете ги загубија животите во голем пожар кој претпладнево изби во пансион во Романија, соопшти локалната полиција.

Екипи на Итната помош реагираа на дојава за пожар во селото Тохани, во округот Прахова, каде 26 лица престојуваа во пансион, информира генералниот Инспекторат за вонредни состојби.

Властите соопштија дека 18 луѓе успеале да побегнат од опожарената зграда од кои двајца се префрлени во болница на лекување од изгореници. Пожарот попладнево е изгаснат и во тек е истрага за причините за негово избувнување.

Погодена е површина од 1.000 метри квадратни.