Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чека изборот на седмиот член на ДИК

/

пред 1027 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која се очекува да се Утврди предлог – одлуката за избор на член на Државната изборна комисија, врз основа на предлозите на политичките партии.

Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени и Зулфи Адили подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, се кандидати за член на Државната изборна комисија.

По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

Претходно, Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.