Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум демонстранти од насилните протести во Белград признале вина – за нив предложени условна затворска и парична казна

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Вишото јавно обвинителство во Србија соопшти објави дека „седум лица се изјасниле за виновни“ за нередите пред собранието во Белград на 24 декември, кога опозициската листа Србија против насилството се обиде насилно да влезе во собраниската зграда.

Обвинителството предложило притвор за 11 осомничени, а за седуммина кои ја признале вината ќе биде предложено судот да изрече условни затворски казни и парични казни.

Протестите поради изборните нерегуларности во главниот град и натаму траат, исто како и штрајкот со глад на двајца пратеници, а на улица излегуваат и студентите.

Домашните и меѓународните набљудувачи пријавија „нерегуларности“ во текот на изборниот процес, како што се купување гласови и носење гласачи од надвор да гласаат на локалните избори.

За денеска во 18 часот се закажани нови протести пред Републичката Изборна Комисија.