Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стотици загинати и повредени во изралеските воздушни напади во Газа

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Израел најавува засилување на копнената оепрација во Појасот Газа, откако во текот на минатата ноќ биле бомбардирани најмалку 100 позиции на Хамас во територијата. Хамас обвини дека во тие напади загинале дури 241 лице а повеќе од 380 биле повредени. Најавата за интензивирање на израелската копнена офанзива доаѓа по вчерашната изјава на шефот на израелскито генералштаб Херзи Халеви дека војната против Хамас ќе трае со месеци.

По двомесечното бомбардирање на Газа бројот на загинати, според податоците кои ги објавува Хамас се приближува на 21.000, додека бројот на повредени е три пати поголем. СЗО, која има распроедено свој персонал во појасот, рпедурпеди дека речиси сите болници во Газа престанале да работат.

„Ширум Газа во моментов здравствените капацитети се на околу 20 проценти од тоа што беа пред 80 денови. Значи, речиси сите болнички кревети, речиси сите болнички услуги престанаа да функционираат, затоа што самите установи беа погодени, или персоналот морал да ги напушти затоа што останале без струја или без медицински материјали, или персоналот повеќе немал пристап до нив.“, изјави Шон Кејси од СЗО. 

Изминативе денови се појавија информации од повеќе извори дека се прават напори за повторно отварање на преговори за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Политичкото крило на Хамас, порача дека многу земји ги контактирале со предлози за посредување во преговори за заложниците, но и за прогласување на прекин на огнот во појасот, но и ги обвинија за лицемерие САД, кои се еден од главните посредници во сите досегашни преговори.

„Администрацијата на Бајден го користи најодвратниот јазик на лицемерието. Од една стана зборува за заштита на животите на цивилите а од друга зборува за заштита на нацистите и убијците и им обезбедува оружје и политичка заштита. Ваквите позиции ги прават Бајден и неговата администрација соучесници во ова злосторство, и ние ги сметаме за политички и морално одговорни. Хуманоста и правото не подлежат на застарување.“, изјави Осама Хамдан – висок фунционер во Хамас

Последниот предлог го по привлече вниманието на преговарачите е египетскиот, не затоа што е изводлив, туку затоа што претставува основа повторно да се седне на преговарачката маса. Последното примирје беше издејствувано со посредство на Катар, за време на кое беа ослободени повеќе заложници во замена за палетински затвореници во Израел. Но, и покрај сите повици на меѓународната заедница, и Израел и Хамас засега одбиваат преговори за трајно решение.

Игор Трајков