Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентски протест во Белград, бараат увид во избирачките списоци

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Активисти од српската неформална група Борба (Студентите против насилството) повторно поднесоа барање до Министерството за државна управа и локална самоуправа за отворање на избирачкиот список како дел од барањето за истражување на настаните од изборите на 17 декември и нивно поништување.

Тие денеска повторно организираат протест во Белград, но засега не е познато дали ќе има и блокади.

Со повици и писмени барања најавија блокирање на Министерството за локална самоуправа со само едно прашање: „Кога ќе почнат да ги отвораат избирачките списоци“.

Првиот протест организиран од оваа неформална група беше организиран во понеделникот, кога до наведеното министерство беше испратено барање за отворање на избирачкиот список, а откако се прогласи за ненадлежно, барањата беа испратени до локалните самоуправи. Тогаш беше блокирана и раскрсницата кај Владата на Србија.

Н1, повикувајќи се на изјави на студентите, информира дека за петок е планирана 24-часовна блокада.