Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двојно убиство во Челопек, трет е ранет, полицијата го приведе осомничениот- сите биле роднини имале нерасчистени имотни односи

/

пред 1027 дена

Сподели преку :

Двојно убиство попладнето на 27 декември се случи во тетовското село Челопек, а трето лице е рането. Настанот се случил околу 14 часот, а осомниченото лице е приведено, информираше СВР Тетово.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека според првичните сознанија, двојното убиство во тетовски Челопек е поради нерасчистени имотни односи во семејството. Тој изјави дека во моментот се работи на расчистување на случајот.

Двајцата убиени и ранетиот се роднини со осомничениот.

  • „Полициски службеници на СВР Тетово во Челопек, го лишија од слобода И.И на шеесетина години од ова село, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот се здобил со повреди, исто така, нанесени од огнено оружје“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По првичното евидентирање на настанот, тетовската полиција почна и увид во Челопек.