Некогашниот претседател на Европската комисија (ЕК), Жак Делор почина денеска во 99-та година од животот. Според француските медиуми, Делор починал во својот дом во Париз, а веста за неговата смрт ја објави неговата ќерка Мартин Обри.
Делор беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година. На чело на Европската комисија мина девет години – од 1985 до 1994 година.
Важеше за архитект на модерната Европска Унија, а актуелна претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека Делор бил „визионер кој ја направил Европа посилна“.











