Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

250 милиони долари од САД за Украина- последна транша достапна без гласање во Конгресот

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

САД соопштија дека и доделиле на Украина 250 милиони долари помош за одбрана. Тоа е последната транша од помошта достапна без ново гласање во американскиот Конгрес.

„Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси помагајќи и на Украина да се одбрани“, напиша државниот секретар Ентони Блинкен.

Во горниот дом на Конгресот, Сенатот, мнозинство е Демократската партија, во чии редови се државниот секретар Блинкен и американскиот претседател Џозеф Бајден.