Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шатори, импровизирани населби, ноќи на асфалт и под отворено небо – раселени 85 отсто од цивилите во Појасот Газа

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

Шатори и импровизирани привремени населби, без основни услови за живот. Пешки, со магариња, коњи и запрежни коли, боси и со најнеопходните работи. Илјадници палестински семејства беа принудени да ги напуштат родните огништа и да побараат засолниште под отворено небо во Газа по засилената и проширена копнена офанзива на израелската војска, централно и јужно во Појасот, и апелите за евакуација на кампот Буреиџ. Областа беше дом на речиси 90.000 луѓе пред војната, а прибежиште во неа најдоа уште 61.000 лица по воените операции на Израел по 7 октомври.

Кампот Буреиџ беше еден од местата во кои се згрижуваа семејства на бегалци од војната во 1948 година. Капацитетот на привремените засолништа на Обединетите нации е неколкукратно преполнет, па дел од новодојдените лица во Деир ал-Балах поставуваат шатори и на тротоарите и на асфалт ја минаа студената зимска ноќ.

Додека израелските напади од воздух и копно продолжуваат со засилен интензитет, но и страдањата на палестинските цивили, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека војната ќе биде долга и дека нема наскоро да заврши и ќе трае сè до исполнување на целите.

Според министерството за здравство во Газа, досега се убиени над 21.000 Палестинци од кои најголем дел жени и деца. Околу 85 отсто од населението во Појасот е раселено, што за многумина е реприза на масовното етничко чистење од 1948 година.

Сашко Димовски