Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трка за плати пред Нова Година- системот на УЈП „трокира“ и го успорува процесот

/

пред 1018 дена

Сподели преку :

Не работи системот за уплата на плати во УЈП, сметководителите велат во прашање е ставена исплатата на плати во приватен сектор.

Не работи системот за плати во УЈП, сметководителите се жалат дека не можат да го реализираат образецот за плати и принудени се физилки да одат во УЈП и на „USB“ да ги носат потребните документи, за што како што велат чекаат со часови. Во прашање е доведена исплатата на платите во приватен сектор. Тврдат системот не работи неколку дена.

Телевизија Телма се обрати до УЈП по одговор што точно се случува, дали станува збор за посериозен проблем и дали ќе има доцнење на исплатата на платите на вработените во приватниот сектор. Прашавме и дали може да се очекува брзо решение на проблемот, но до емитувањето на овие вести, одговор од управата до нас не стигна.

Над 1.100 вработувања на неопредено време во јавното здравство во сите медицински установи