Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Матсен заминува од Челси: Трансфер во Манчестер или Дортмунд?

/

пред 1008 дена

Сподели преку :

Младиот фудбалер на Челси, Ијан Матсен е на излезни врати од клубот. Холанѓанецот привлекува голем интерес кај неколку европски клубови, а најзаинтересирани се Манчестер сити и Борусија Дортмунд.

Левиот бек треба да одбере дали ќе се бори со жестока конкуренција во таборот на англискиот и европскиот шампион, каде воедно ќе заработува и повеќе пари или ќе ја одбере опцијата да замине во Бундеслигата, каде што ќе има шанса да игра редовно и да се развие во голема ѕвезда како претходно Џад Белингам, Ерлинг Халанд, Џејдон Санчо, Ашраф Хакими и други.

Сезонава Матсен добива добра минутажа кај менаџерот Маурисио Покетино и одигра 12 натпревари, но клубот нема против да го продаде за добро обештетување. Неговата моментална цена на трансфер-пазарот е 20 милиони евра.