Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенецот Ланишек победник на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен (ВИДЕО)

/

пред 1007 дена

Сподели преку :

Анже Ланишек триумфираше на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен во рамки на второто натпреварување на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Словенецот откако вчера беше најдобар во квалификациите, добрата форма ја потврди и денеска.

Ланишек до победата дојде со одличен скок во финалната серија. Освои вкупно 295,8 поени, а имаше скокови од 136 и 137 метри. Зад него заврши Јапонецот Риоју Кобајаши исто како и на првата скокалница, додека трет денеска беше победникот во Оберсдорф, Андреас Велингер од Германија.


На турнејата „Четири скокалници“, Велингер останува лидер со 600 поени, пред Кобајаши, кој има 598,9 поени, додека трет е лидерот во генералниот поредок во Светскиот куп Штефан Крафт со 575,5 поени.

Натпреварувањето се сели во Австрија, каде на 3.јануари ски скокачите ќе се соочат во Инсбрук, додека три дена подоцна следува и скокалницата во Бишофсхофен.