Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руни доби шут-карта од Бирмингам: Победи само на два натпревари

/

пред 1007 дена

Сподели преку :

Поранешната англиска фудбалска легенда Вејн Руни утринава доби отказ од тимот на Бирмингам по очајните резултатите во Чемпионшип дивизијата. Сините вчера загубија од Лидс со 3-0, па тимот падна на дури 20-тото место на табелата.

Руни беше назначен за менаџер на Бирмингам на 11 октомври додека клубот се наоѓаше на 6.место на табелата. Со него на клупата тимот запиша девет порази на вкупно 15 натпревари и победи само два пати.

Англичанецот кој беше фудбалер од светска класа очигледно не е ни близу до тоа ниво како тренер. Претходно работеше и во Дерби Каунти и во Ди-Си јунајтед во САД.