Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Надал со победа се врати на терените по речиси една година пауза

/

пред 1006 дена

Сподели преку :

Рафаел Надал импресионираше на неговиот долгоочекуван кам-бек на тениските терени. Шпанецот се пласираше во втората рунда на турнирот во Бризбејн.

По пауза од речиси една година поради повреда, Шпанецот го совлада Доминик Тим во два сета со 7-5 и 6-1. Надал доби вајлд-карта за настап на овој турнир, бидејќи падна на дури 672.место на АТП листата. Тој засилено се подготвува за Австралија опен, каде лани испадна во второто коло од Мекензи Мекдоналд и не одигра ниту еден меч до денеска поради повредата на колкот.

Следен ривал на Надал ќе биде Џејсон Кублер. Пласман во следната рунда денеска обезбедија и Јаник Ханфман, Лукас Клајн, Матео Арналди, Џејмс Дакворт, Даниел Алтмајер и Томас Мачак.