Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фелер најбрз на слаломот во Аделбоден

/

пред 1001 дена

Сподели преку :

Мануел Фелер дојде до победата на третиот сезонски слалом во Светскиот куп во алпско скијање. Австриецот во Аделбоден денеска оствари време од 1:52,62 минути и за малку беше подобар од Норвежанецот Атле Ли Мекграт, кој финишираше на второто место.

На третото скалило на победничкиот подиум имаше место и за Доминик Рашнер од Австрија.

Во дисциплината слалом очекувано Фелер е лидер со 245 бодови, бидејќи победи на две од трите трки. Втор е повредениот Марко Шварц со 65 бодови помалку. Во генералниот поред води Марко Одермат со 736 бодови, пред Шварц, кој има 464 и Александер Амод Килде, кој има 320.

Скијачите остануваат во Швајцарија и следниот викенд, но ќе се натпреваруваат во Венген, каде на програмата се две трки во спуст и една во супер велеслалом.