Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Трактори пред Бранденбушката капија во Берлин- земјоделски протести ја блокираа Германија поради дизел горивото

/

пред 1022 дена

Сподели преку :

Илјадници земјоделци и фармери од Германија ги блокираа патиштата низ целата држава како протест поради највено укинување на мерките за нивна помош.

Протестите треба да траат една недела, а илјадници трактори и земјоделски машини се на патиштата сширум Германија откако владата во Берлин одлучи да ги укине даночните олеснувања за дизел горивото искористено во земјоделството и во прозводството на храна.

Пораката е испорачана и во срцето на главниот германски град каде се блокирани сите приоди кон познатата Бранденбурша капија. Одлуката за бришење на даночните олеснувања за земјоделците предизвика гнев кога владата на Олаф Шолц го објави планот за пополнување на буџетската дупка од 17 милијарди евра преку мерките поврзани со дизел горивото.

По првичната остра реакција, владата се предомисли и наместо оддеднаш, даночните олеснувања ги разложи на три наредни години. Земјоделците сметаат дека тоа е огромен удар врз нив и не се откажаа од протестите наречени „недела на акција“.

-Тука сме затоа што сакаме да демонстрираме против зголемувањето на даноците, ДА, против неправедните даноци, но сакаме да демонстрираме и за промена на земјоделската политика. Начинот на кој се прави тоа, последните 5 ,6, 7 години, не смее да продолжи. Ни треба политика која ќе го врати фармерството повторно во центарот на општеството.  И ќе препознае дека нашата професија има право да постои, изјави Рајнхард Јунг, портпаролот на Здружението „Слободни фармери“.