Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Вооружени напаѓачи упаднаа во програма во живо во ТВ студио – бегство од затвор на еден од најзлогласните затвореници во Еквадор, прогласена вонредна состојба

/

пред 1020 дена

Сподели преку :

Упаднаа во студио и под закана на оружје им наредија на вработените на легнат на подот пред програмата во живо да биде прекината. Во Еквадор е прогласена 60-дневна вонредна состојба, откако вооружени напаѓачи насилно влегоа во локалната телевизија Гвајакил. Групата се поврзува со Лос Чонерос Адолфо Масијас, еден од најозлогласените затвореници во државата која важеше за оаза на мирот во Латинска Америка, кој избега од затвор.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа, покрај одлуката за вонредна состојба, објави и војна на бандите кои со Декрет ги оквалификува како терористички. Притоа даде и наредба на оружените сили да изведат бројни операции за нивно неутрализирање.

Додека властите се справуваат со ситуацијата, граѓаните живеат во страв и незивесност.

Поради вонредната состојба во Еквадор, Кина ја затвори својата амбасада во Кито на неодредено време, како и генералниот конзулат во земјата. Хаосот во кој западна латоноамериканската држава беше причина Перу да прогласи вонредна состојба долж границата со Еквадор, а Бразил, Колумбија и Чиле изразија поддршка за властите во Кито во борбата со криминалните банди.

Еквадорската полиција соопшти дека ги уапсила сите сите 13 напаѓачи кои ја зазедоа телевизијата во Гвајакил. Ослободени се и тројца полицајци кои биле киднапирани од членови на бандата. Продолжуваат операциите за спасување и на останатите полициски службеници и чувари. Според локалните медиуми, членовите на бандите држат повеќе од 130 стражари во заложништво, а некои од нив се убиени.

Сашко Димовски