Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикат на „Еуроникел”: Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај

/

пред 1006 дена

Сподели преку :

Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги добиеме платите за октомври, ноември и декември, изјави Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во „Еуроникел индустри”, поранешно ,,Фени”.

Нашата агонија трае веќе подолго време. Ги нема веќе странските газди на фабриката. Банка доверител стана сопственик на имотот на компанијата. Печката на комбинатот не е исклучена, таа е се уште во топла состојба, се надеваме дека ќе се најде инвеститор што ќе ни ги скрати маките, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека станува збор на некогашен гигант на кавадаречката и македонската економија, од чија судбина зависат семејствата на околу 800 вработени и многу други соработници.