Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужна Африка против Израел – каква ќе биде пресудата на Меѓународниот суд во Хаг по тужбата за геноцид врз Палестинците

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Денеска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (ИЦЈ) ќе почнат дводневни јавни сослушувања по тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид врз Палестинците во Газа. Случајот претставува преседан, како прв пред судот во Хаг кој се однесува на опсадата на Појасот, во кој од 7 октомври се убиени повеќе од 23.000 луѓе од кои, речиси, 10.000 деца.

Во пријавата што беше поднесена на 29 декември, Јужна Африка го обвинува Израел за вршење геноцид во спротивност со Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид од 1948 година чии потписници се и двете земји.

„Убивањето на голем број на цивили, посебно деца, масовно протерување и раселување на Палестинци и уништување на нивните домови, хушкачки изјави на неколку израелски официјални претставници кои Палестинците ги прикажуваат како понизок вид кој треба колективно да се казни – сето тоа претставува геноцид и доказ на намерите“, наведува јужноафриканската република во тужбата.

Во тужбата, исто така, се споменува блокирање на храна и уништување на основните здравствени услуги за трудниците и децата, како мерки на Тел Авив „со намера да доведат до нивно (на Палестинците) уништување како група“.

Израел ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе се брани пред судот во Хаг.