Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кој се сака да биде нов снабдувач со струја на граѓаните ќе се знае утре

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

Утре во Владата доцна попладне јавно ќе бидат отворени понудите од компаниите кои ќе се пријават на повикот за Универзален снабдувач.

Рокот за да ги доставата потребите документи е до утре до 15 часот. За сега за знае дека со сигурност ќе се јави  сегашниот снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи ЕВН ХОУМ.

Според, неофицијални информации на повикот  ќе се јават и ЕСМ Продажба, иако од таму последно соопштија дека интерес имаат, но се уште немаат донесено конечна одлука.

Во дел од медиумите првиот човек на ЕДС, познатиот трговец со струја, рече дека и тие ќе учествуваат. Но, последните информации од компанијата се дека се уште чекаат повратен одговор од мајката фирма во Атина, ППЦ кој пак беа избрани да го градат Чебрен , но тендерот пропадна.

ЕДС поради кризата има финансиски проблеми, па за да се пријави на повикот треба да биде поддржан од мајката фирма во Грција. Кој ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со струја од јуни ќе зависи од тоа кој ќе понуди најниска профитна маржа, која сега изнесува нешто над 11 проценти.