Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борусија Дортмунд се пофали со уште еден позајмен фудбалер од Премиерлигата

/

пред 997 дена

Сподели преку :

Само еден ден по промоцијата на Џејдон Санчо, кој дојде од Манчестер јунајтед на позајмица, денеска Борусија Дортмунд го промовираше Ијан Матсен.

Левиот бек доаѓа од таборот на Челси исто така на позајмица до крајот на сезоната. Бундеслигашот нема да има право на откуп на Холанѓанецот, кој интересно пред да замине за Германија потпиша нов долгорочен договор со Челси.

Матсен лани играше за Барнли на позајмица, а оваа сезона одигра 12 натпревари за „сините“. Сепак, поради големата конкуренција од таборот на лондонскиот клуб решија 21-годишникот да замине во Борусија и да собере дополнително искуство.