Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саразан победи во Венген, но Пантуро имаше тешко излетување (ВИДЕО)

/

пред 996 дена

Сподели преку :

Сиприен Саразан триумфираше на супер велеслаломската трка во Венген во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Францускиот скијач по победата во спуст во Бормио, денеска славеше во Венген во супер велеслалом со време од 1:47,75 минути. Зад него со речиси една секунда послабо време финишираше лидерот во светскиот куп и миленик на домашната публика Марко Одермат од Швајцарија. Александер Амод Килдеод Новершка го освои третото место.

Денешната трка ја одбележа и тешкото излетување на Алексис Пантуро. Французинот мораше да биде транспортиран со хеликоптер во најблиската болница.

Одермат останува лидер во супер велеслалом со 240 бодови, пред Винсент Крихмајр, кој има 66 бодови помалку, а денешниот победник Саразан скокна четири позиции до третата.
Во генералниот поредок Одермат исто така води со 916 бодови, 452 бода повеќе од повредениот Марко Шварц.

Во Венген утре се вози спуст, а во недела на програмата е трката во слалом.