Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајцва вработени во две фабрики во Кавадарци позитивни на Корона вирус

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Позитивни на корона вирус се двајца работници во две кавадарчки фабрики. Првиот е вработен во Дрекслермаер а вториот во Фени и двете фабрики кои вработуваат илјадници луѓе.

Од центарот за јавно здравје во Кавадарци потврдуваат дека двајцата се со позитивни тестови од вчера и дека се со лесна клиничка слика но уверуваат дека нема простор за паника. Вработениот во Фени имал контакти само со тројца вработени и тие се во самоизолација без никакви симптоми.

Оној од Дрекслермар работел во помал погон за одржување и сите со кои имал контакти но и оние со кои се превезувал во автобус се сега со решенија за 14 дневен карантин  велат од Центарот за јавно здравје.

Здравствената состојба на заразените за сега е со благи симптоми велат епидемиолозите, додека пак  состојбата на нивните контакти се следи, тие немаат симптоми но ако се појави било каков сомнеж ќе бидат тестирани.