Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заборски се закити со бронза на турнирот во Атина од Светската лига

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Каратистот на Макпетрол, Петар Заборски се закити со бронзениот медал на силниот Карате 1 (Серија А) турнир во Атина.

Македонскиот натпреварувач денеска во малото финале го победи домашниот фаворит Евангелос Сереметакис и тоа со 1-0. Заборски во петокот на стартот на турнирот во Атина оствари четири победи, но загуби во полуфиналето од Мохамед Абудабус и со судиско изјаснување откако борбата заврши со резултат 3-3.

За Заборски ова втор бронзен медал од турнирите од Светската Карате лига за краток период. Лани  во октомври исто така беше на подиумот и во Ларнака, Кипар.