Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нападнат уште еден брод крај брегот на Јемен – Хутите не мируваат во Црвеното Море

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Агенцијата за поморски трговски операции „Амбри“ на Обединетото Кралство објави за нов инцидент во Црвеното Море. Како што се наведува во соопштението, погоден е уште еден брод со проектил кој е истрелан од Аден, главниот град на Јемен.

„Екипажите на бродовите се советувани да минуваат внимателно низ Црвеното Море и да пријавуваат секаква сомнителна активност“, соопшти „Амбри“ на платформата Икс.

Бродот, според „Амбри“, бил грчки кој пловел под знамето на Малта. Најновиот инцидент се случил на 185 километри северозападно од Салеф.

Јеменските Хути предупредија дека ќе го гаѓаат секој брод кој минува покрај нивната територија, доколку екипажот не се огласи при минувањето и да потврди дека нема врски со Израел.