Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пакистан започна одмазднички напади врз Иран

/

пред 1012 дена

Сподели преку :

Пакистан започна одмазднички ракетни напади врз соседен Иран, два дена откако сличен ирански напад ги разгоре односите меѓу двете држави.

Земјата тврди дека во нападот биле погодени „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан-Балучестан, која граничи со Пакистан.

Иранските медиуми објавија дека во нападите убиени се три жени и четири деца.

Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за заштитуваат милитантни групи кои вршат напади од регионите долж нивната заедничка граница.

Реципрочните воздушни напади се случија во период на пресврти на Блискиот Исток, каде што Израел се бори против палестинската група Хамас во Газа и разменува оган со Хезболах во Либан поддржан од Иран, групите поддржани од Иран во Ирак и Сирија пак вршат напади врз американските сили, а САД и ОК ги напаѓаат Хутите во Јемен, поддржани од Иран.

Пакистан претходно жестоко го осуди иранскиот напад во вторникот, во кој се вели дека убиени се две деца, и најави „сериозни последици“.