Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марсијал по стапките на Санчо: Тренира одвоено од тимот на Манчестер јунајтед

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг повторно ја демонстрира својата строгост во тимот. Ентони Марсијал е исфрлен од првиот тим и ќе мора да тренира индивидуално додека не ја подобри својата физичка подготвеност.

Сличен беше случајот со Џејдон Санчо на почетокот на сезоната, по што Англичанецот јавно му се спротивстави на менаџерот и веднаш доби суспензија. Сега е на позајмица во Борусија Дортмунд.

Марсијал веќе подолго време не игра на врвно ниво, а ова е уште еден обид на Тен Хаг да го врати во форма.