Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсенал се интересира за Бензема: Фудбалерот не е среќен во Саудиска Арабија

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Карим Бензема е исфрлен од тренинг-кампот на Ал-Итихад во Дубаи, бидејќи фудбалерот задоцни на првата прозивка. Веќе одредено време има шпекулации дека поранешниот освојувач на Златната топка не е среќен во Саудиска Арабија.

Арсенал е подготвен да ја искористи ситуацијата и да го доведе Французинот на позајмица до крајот на сезоната. Менаџерот Микел Артета бара сериозно засилување во нападот за атак на титулата во Премиерлигата. Интерес за Бензема наводно има и од Челси, Лион, но и Манчестер јунајтед.