Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Светскиот економски форум во Давос, во рамки на дебатата „Нова евроазиска зора“, истакна дека на неговата земја и на останатите држави од Западен Балкан им е потребна силна Германија.
На прашање на модераторот за односот на Европската Унија и Западен Балкан, Вучиќ рече дека „штом Германија се закашла, регионот добива воспаление на градите“ и нагласи оти германската контракција, односно економскиот пад од 0,3 отсто, претставува проблем за државите во регионот.











