Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промена на времето со снег и заладување – Временска прогноза за 20.1.2024

/

пред 992 дена

Сподели преку :

Облачно и студено со врнежи претежно од снег. Подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен и студен бран и ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5°C, а максималната од 0 до 8°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

1 Берово, 2 Попова Шапка, 4 Крива Паланка, Струмица, Лазарополе, 5 Маврови Анови, Гевгелија, Крушево, 6 Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Кавадарци, Дојран, 7 Штип, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Виница, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Охрид, 9 Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

29 Маврово, 20 Крива Паланка, 16 Дебар, Лазарополе, 11 Куманово, 10 Охрид, 8 Крушево, 7 Попова Шапка, Тетово, 4 Скопје-Зајчев Рид, 3 Пожар, 1 Кавадарци, Виница, Берово, Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 4.0, Дојранско Езеро 5.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/