Складиште за нафта во Бријанската област во Русија е погодено денеска во напад на украинско беспилотно летало, соопшти регионалниот гувернер, Александар Богомаз.
„Украинските терористи се обидоа да ја нападнат инфраструктурата на територијата на градот Клинци со помош на дрон“, објави Богомаз на Телеграм.
Дронот бил неутрализиран, но успеал да фрли муниција врз складиштето за нафта, каде што избувнал пожар. Богомаз објави дека во нападот нема жртви.
Клинци е град со околу 60.000 жители и се наоѓа на 70 километри од границата со Украина.











