Новородено девојче кое беше пронајдено во торба за пазарење во источниот дел на Лондон од лице додека го шетало своето куче било на свет помалку од еден час, соопшти британската полиција.
Бебето било завиткано во ќебе во Њухам, а полицијата соопшти дека нејзината мајка знае оти ќерката е добра и безбедна и замолила да и се јават, пренесува „Гардијан“.
Болничкиот персонал го нарекле девојчето Елза. Таа била спасена од лице кое шетало куче на температура под нулата, откако се слушнало плачење од торбата.











