Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регионот зафатен од силно невреме со обилни врнежи од снег и силен ветер

/

пред 1009 дена

Сподели преку :

Иако изминатиот период се чинеше дека се врати пролетта а се мереа температури и до 15 степени целзиусови, од вчера нов студен бран го зафати регионот.

Силно невреме со обилни врнежи од снег и силен ветер затвори дел од патиштата.

Во Букурешт синоќа во округот Сучеава, камион се излизга од патот и заврши во ограда на куќа. На обиколницата кај Клуж, автобус со 20 патници се излизга од патот.

Снег и силен ветер ги затворија патиштата и предизвикаа бројни сообраќајни несреќи и во Хрватска. Голем број камионџии кои транзитирале на автопатот кон Загреб, останаа заглавени кај Гробник.

Сепак, медиумите информираат дека службите задолжени за одржување на патиштата ја држат ситуацијата под контрола. Во Лика снежната покривка е потенка од очекуваното.

На дел од делниците изречена е забрана за тешки товарни возила поради зимските услови но таа во моментов не важи за автомобили.